#Human Rights
Target:
ООН, Совет на Европа, Народен прав., ОБСЕ...
Region:
Macedonia, Republic of
Website:
www.facebook.com

ПОВИК до Македонците *,
во Македонија и во светот

После опстојување спроти сите историски премрежија за ништење на Македонците, најпосле основавме своја НАЦИОНАЛНА САМОСТОЈНА Држава „Република Македонија“!
Наместо Државата да јакне во радости и спокој благодарение на нејзините убавини и богатства и макотрпниот труд на нејзините граѓани од сите етнички, верски и други припадности, ДЕНЕС сме исправени пред целосното ПОНИШТУВАЊЕ на МАКЕДОНСТВОТО, Името, Народот, јазикот, културата,Црквата, историјата, ..., со нов невиден ЕТНОЦИД под палка на Меѓународните неофашисти и со помош на домашните предавници, отелотворени во парламентарните партии, државните органи и Црквата!

Македонци наши,
Денес, унижени и посрамени пред нашата крвава и славна Историја и открадната Иднина на нашите поколенија, изневерени од сите, оставени сами на себе, неспремни и голораки за каков било друг отпор, сфаќаме дека само ние сме нашите сопствени и единствени спасители!
Во ек се процеси за затемелување на фашистичкиот логор „Република Северна . . .“ и преку избори на државни органи, спротивно на народната волја искажана во државотворните документи од минатиот и овој век, особено од Референдумот од 30.09.2018, кои се оспорувани, иссмевани, фалсификувани, игнорирани . . .
Затоа ве повикуваме, на начин достоен на македонската мирољубивост, толерантност, достоинственост и чесност, да не учествуваме на нивните избори, кои, како и претходните, се однапред режирани за остварување на АНТИмакедонски цели и да го поддржиме сето она кое ќе го симне срамот од нас, живите Македонци, за спас на Македонија и Името Македонско!

* ​ Носители на македонско државјанство

Од Носители на суверенитетот
на Државата Р. Македонија

ИЗЈАВА (само од носители на македонско државјанство)

1. Не ги прифаќам и не учествувам на претстојните нелегални и
нелегитимни Парламентарни и други избори за „Република Северна...“,
затоа што е нелегална, ФАШИСТИЧКА творба, формирана спротивно на
народната волја изразена на Референдумот од 30.09.2018. година,
спротивно на националното и меѓународно право и спротивно на
принципите на човечност и праведност;

2. Поддржувам организирање избори за органи на Република Македонија,
устроена на темелите на КОНТИНУИРАНАТА народна волја, искажана во
антифашистичките и државотворни документи, особено на АСНОМ, Уставот
на Република Македонија од 1991.година, Референдумот за осамостојување
од 1991.година и Референдумот од 2018. година и

3. Поддржувам активности за правно ПОНИШТУВАЊЕ/прогласување на
ништовност на сите фашистички, гено/етноцидни антимакедонски акти
донесени за преименување на Република Македонија, на македонското Име
во сите форми и видови, на распродажба и поништување на македонскиот
идентитет, јазик, историја, и тн.(jus cogens), кои се спротивни на сите,
погоренаведени правни документи, како позитивни и природни, апсолутни
права, признати и гарантирани секому, меѓу кои и на Македонците!

Јуни, 2020. За вечна Македонија!

GoPetition respects your privacy.

The ИЗЈАВА за обезбедување континуитет на државата Република Македонија, ИМЕТО и идентитетот petition to ООН, Совет на Европа, Народен прав., ОБСЕ... was written by носители на суверенитетот на државата Македонија and is in the category Human Rights at GoPetition.